-->
-->
Изгубил контрола и излетал од патот - тешко повреден Кичевцанец
-->
На магистралниот пат Кичево-Гостивар, вчера во 14:00 часот на влез за село Бокојчани, С. С. (42) од село Србица, кичевско, управувајќи патничко возило „опел омега“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Тој се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицински центар Кичево, од каде бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување. Увид извршила екипа од Полициската станица Кичево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата