Македонија
24. October 2018 - 12:29

Изгубил контрола и излетал од патот - повреден малолетник во сообраќајка во Скопје

На улица „Александар Урдаревски“ во Скопје, вчера во 18:30 часот скопјанецот Л.А.(20) управувајќи патничко возило „Форд Галакси“ со германска национална ознака, изгубил контрола над возилото, излетал надвор од коловозот и се превртел. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје. По укажаната помош тој бил задржан на понатамошно лекување. Увид извршила екипа од СВР Скопје.