Живот
31. January 2017 - 19:27

Изградила куќа само преку упатствата на Јутјуб: Погледнете што доби

Тешко е да се верува дека семејство без ниту малку градежничко искуство може да изгради куќа на два ката, со пет соби, гледајќи само туторијали на Јутјуб, но Кара Брукинс и нејзините четири деца се жив доказ дека и тоа се може кога се сака.

Нејзиниот најстар син Дру и помагал на мјаката да направи нацрт куќа и да добие одобрение од страна на градот за изградба, нејзината ќерка Јада носела вода од рибникот на соседите и мешала бетон за темелите, додека нејзината друга ќерка готвела оброци за сите.

Така успеала да изгради куќа за себе и за своите деца со 9 месеци работа.

Поминале низ се, од копање темели до ѕидање на ѕидовите на куќата.

Кога инспекторите за прегледување на куќата дошле, биле изненадени како е се професионално изработено, не верувајќи дека тоа го изградила една мајка, без никакво знаење за градежништво.

Својот дом кој има библиотека, гаража за три автомобили, пет спални соби и два ката го нарекле Inkwell Manor, а куќата денеска вреди околу половина милион евра.