Македонија
10. September 2019 - 19:32

Изградил викенд-куќа, без одобрение за градба - кривична за дебарчанец

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против И.Г.(56) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Во текот на мај 2019 кај Дебарското езеро, на местото викано „Шпилје“, на парцела сопственост на АД „ЕЛЕМ“ – Скопје, пријавениот изградил викенд-куќа, без одобрение за градба. Со ова пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 126.049 денари на штета на Буџетот на АД „ЕЛЕМ“ – Скопје.