Македонија
11. May 2017 - 13:08

Изграден цевковод на новиот водоснабдителен систем во Гевгелија

Доводниот цевковод на новиот водоснабдителен систем во Гевгелија, на потегот од автопатот до резервоарот на Мрзенски рид веќе е изграден, а потисниот цевковод е поставен од резервоарот до хотелот ,„Нар“ беше заеднички констатирано на денешниот заеднички состанок на претставниците на општина Гевгелија со претставници од изведувачот, надзорот и проектната единица за подобри општински услуги при Министерството за финансии.

-Во состав на бунарскиот систем ќе изградиме и хлорна станица,од која водата ќе се транспортира до резервоарот преку потисниот цевковод со должина од 1.366 метри, а поврзувањето на резервоарот со постоечкиот цевковод ќе го направиме со изградба на нов доводоен цевковод со должина од 2.186 метри. Вкупната должина на новоизградениот потисен и доводен цевковод ќе изнесува 3.552 метри, објаснија претставници на изведувачот на проектот од бугарската фирма „Хидрострој“.

Вкупната инвестициска вредност на проектот изнесува повеќе од 105 милиони денари од кои најголемиот дел се средства обезбедени од Светска банка,а останатите од грант за подобрување на руралната инфраструктура и од буџетот на Република Македонија.