Македонија
8. May 2021 - 16:39

Изградбата на нов Клинички и набавката на вакцини во центарот на политичките препукувања

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го блокира законот со кој државата треба да добие нов Клинички после цели 80 години, обвинуваат од СДСМ. Опозицијата со голем број амандмани ги блокираше законските измени за нов Клинички со што треба да се овозможи германската и австриската компанија заеднички да го градат објектот, а независна европска компанија да направи проценка дали понудата на двете компании е прифатлива.

Лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Мицкоски пак посочи дека Клинички центар треба да се гради, но со далеку помалку средства. Тој потенцира дека никогаш нема да дозволи да се потрошат над 500 милиони евра за 30 тина страни физибилити студија.

Мицкоски обвини и за огромен криминал при набавка на вакцини. Посочи дека целиот процес е сомнителен од самиот почеток и некој за тоа ќе мора да одговара, затоа што не е нормално да се премолчи криминал тежок 7, 8 милиони долари.

За ваквите обвинувања министерот Филипче вчера посочи дека се работи за клевета и во постапката немало ништо тајно ниту сомнително. Вели дека се било јавно кажано.