Бизнис
30. September 2015 - 16:45

Изградбата и продажбата на државни станови изврши битно влијание на пазарот, ги намали цените на комерцијалните станови

Повеќе од 800 социјално загрозени семејства од државата добиле кров над глава.

Последните анализи на јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор говорат дека на голем број семејства во социјален ризик им е решено станбеното прашање.

Директорот Грозданов вели дека покрај оваа мерка која им ги решила животните прашања на семејствата се спроведува и мерката за доделување на станови на децата без родители штом ќе наполнат 18 години.

Покрај социјалните, претпријатието нуди и комерцијални станови чија цена е реална, со што изврши намалување на цената и на становите изградени од приватни инвеститори.

Грозданов вели дека овие мерки на владата и претпријатието ќе продолжат и во иднина со цел подобар стандард кај населението во Македонија.