Македонија
4. November 2016 - 12:15

Изградба на комунална инфраструктура во етно-винско село Клисура

Центарот за развој на Вардарски плански регион во соработка со oпштина Демир Капија, почна со реализација на проектот за изградба на дел од комуналната инфраструктура во етно-винско село Клисура.

Како што информираа денеска од Службата за односи со јавноста при демиркаписката општина, проектот стартуваl со изградба на дел од системот за водоснабдување како прва фаза.

- Инвестицијата опфаќа изградба на каптажа, водоводна линија од каптажата до селото со изградба на пропратни објекти (шахти за воздушни и испусни вентили) и изградба на водоводна мрежа во селото со изградба на пропратни објекти (шахти за воздушни и испусни вентили), соопштија од општината.

Средствата се обезбедени од буџетот на општина Демир Капија и Министерство за локална самоуправа – Биро за регионален развој, преку Центар за развој на Вардарски плански регион.