Бизнис
13. јуни 2018 - 8:34

Изградба на инфраструктура за собирање отпадни води во Скопје

Во населбата Ново Лисиче во општина Аеродром денеска  ќе почнат градежни работи  за ИПА 2 проектот „Подобрување на инфраструктурата за собирање на отпадните води во градот Скопје“. 

Инвестицијата е финансирана со средства на Европската Унија во износ од над девет милиони евра и кофинансирана со 15 проценти од Буџетот на Република Македонија и е предуслов за изградба на главната пречистителна станица за отпадни води за град Скопје.

На почетокот на активностите се најавени обраќања на министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, шефот на делегација на ЕУ во РМ Самуел Жбогар и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.