Изгореа околу 30 хектари од Гоцева шума
Во пожарот што избувна вчера попладне околу 16 часот, изгореа околу 30 хектари борови дрвја од Гоцева шума кај Неготино, информираше денеска Јован Јованов, директор на подружницата на „Македонски шуми” од Демир Капија. Огнот е ставен под контрола и се очекува во текот на денот да биде целосно изгаснат.
- Пламените јазици зафатија површина од околу 100 хектари. Гореа главно трева и меѓи, но зафатени беа и лозови насади и дел од шумата. Во моментов 30 наши работници се на терен, информира Јованов.
Иле Илиев, командир на Територијалната противпожарна единица од Неготино, рече дека во моментов на лице место се тројца нивни пожарникари со едно противпожарно возило.
- И по гаснењето на пожарот на терен ќе останат луѓе да дежураат, со цел веднаш да се реагира доколку се појави ново жариште, додаде Илиев.
Ново на Сител
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Од утре започнува изборниот процес - Во домашни услови ќе гласаат болните и изнемоштените лица
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Тема на денот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
-
Конкурсот за АСЈО повторно пред Уставен, одлука ќе носи вечерва
-
Со куфери и авионски билети приватните специјализанти протестираа пред Министертсвото за здравство