-->
-->
Изгореа 2,5 хектари багремова шума во Kрива Пaланка
-->
Околу 2,5 хектари багремова шума изгореа вчера близу населеното место Домачки Долкај Крива Паланка.
Како што информира територијална противпожарна единица која интервенираше веднаш за локализација на пожарот, во опасност биле и 40-тина кошници со пчелни семејства кои се наоѓале во непосредна близина.
- Со екипа од едно возило и двајца пожарникари за три минути излеговме на терен по дојавата за запалена листопадна шума во месноста „Златина падина“, близу Домачки Дол. Пожарот кој зафати поголема површина, го гасневме заедно со подрачната единица на Јавното претпријатие „Македонски шуми“, шумското стопанство „Осогово“ и десетина жители од месното население, изјави Иле Коцевски , командир на територијална противпожарна единица Крива Паланка.
Според него, станува збор за опожарен сув багрем кој е многу горлив и лесно запаллив. Поради опасноста од повторно разгорување на пожарот екипи на шумското стопанство „Осогово“ дежураа на терен.
Ова е 14-та интервенција на пожарникарите од Крива Паланка во август годинава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид