Македонија
12. October 2018 - 10:37

Изгоре семејна куќа во тетовско, нема повредени

Пожар во семејна куќа во тетовско, за среќа нема повредени.
 
Вчера  во 23:25 часот било пријавено дека во село Копачиндол, тетовско, избувнал пожар во куќата сопственост на Е.С.(68). Екипа на Територијална противпожарна единица Тетово пожарот го изгаснала на 12.10.2018 година во 00:25 часот. Повредени лица нема, а увид ќе се врши во текот на денот.