Македонија
3. May 2017 - 13:07

Изгоре познато кафуле во Куманово, запалени и околните продавници

Ноќеска околу 04.15 часот во Куманово, на ул. „11-ти Октомври“, од засега непознати причини избувнал пожар во кафе бар при што изгорела летната тераса, а биле зафтени и дел од продавниците кои се наоѓале во близина.
 
Од страна на екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово пожарот бил изгаснат, а увид ќе се врши во текот на денешниот ден.