Македонија
16. јуни 2016 - 17:57

Изгоре покрив од куќа во Неготино, повредени нема

Во пожар попладнево изгоре покрив од куќа во Неготино, повредени нема, информира Илија Илиев, командир на неготинската Територијална противпожарна единица. 

- Како последица на пламените јазици изгоре покривот од индивидуален станбен објект. На лице место интервениравме со три возила и пет пожарникари и успеавме да го локализираме пожарот. Не дозволивме тој да земе поголем замав и да се прошири на останатиот дел од куќата и на соседните објекти, изјави Илиев.

Нагласи дека дополнително ќе се утврдуваат причините за пожарот и висината на материјалната штета.