Македонија
28. January 2020 - 10:58

Изгоре патничко комбе во Кавадарци

Изгоре патничко комбе на булевар ,,Македонија” рано утрово околу три часот  во Кавадарци.

Од Територијалната противпожарна единица потврдија за МИА дека интервенирале со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.

Причинета е голема материјална штета. На лице место увид извршила и полицијата.