Македонија
20. May 2016 - 17:30

Изгоре куќа во Велес

Изгоре куќа на улицата Коле Цветков кај џамијата во Велес. Доцна синоќа после 21 часот избувнал огнот во домот на 22 годишното момче кое живеело само. Огнот први го забележале соседите.

Брзата интервенција на противпожарната единица спречила огнот да се прошири кон останатите куќи во оваа густо населена населба. Неколку часа траело гасењето. На местото на несреќата синоќа беа и градоначалникот Чадиев и пратеникот Димовски.

Се уште не се познати причините за избувнување на пожарот. Нив ќе ги истражува велешката полиција.