Македонија
9. April 2017 - 13:08

Изгоре куќа во Скопје, еден повреден

Вчера во 12.00 часот во Скопје на ул.„Јајце“ во куќа сопственост на М.Н.(53), од засега непознати причини настанал пожар, при што е опожарен горниот кат и покривната конструкција.
 
Интервенирано е од страна на бригада за противпожарна заштита и во 13.10 часот пожарот е целосно изгаснат.
 
Причините за пожарот засега не се познати. Во моментот кога избил пожарот, во куќата биле тројца членови на семејството кои навремено ја напуштиле куќата и не се здобиле со повреди, а Ј.А.(61) додека се обидувал да го изгасне пожарот, се здобил со повреди од парче дрво кое му паднало врз главата.
 
Медицинска помош му била укажана на лице место од страна на екипа на итна медициснак помош.