Македонија
31. May 2018 - 13:19

Изгоре куќа во Ресен

Ресенчанецот В.Т. ноќеска во пожар ја изгубил својата куќа. 

Полицијата соопшти дека на 31 мај во 2:00 часот на ул. „Кузман Јосифовски“ во Ресен, од засега непознати причини, настанал пожар во куќата сопственост на В.Т. Во пожарот куќата целосно изгорела.

Во 3:00 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Ресен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.