Македонија
22. January 2018 - 17:46

Изгоре куќа во Прилеп

Во пожар, предизвикан од неисчистен оџак, вчера изгоре куќа во Прилеп.

Според информациите на МВР, вчера околу 15,30 часот било пријавено дека во Прилеп на улица Задарска во куќа сопственост на Д.В.(35) избувнал пожар, при што опожарена била целата куќа. Причина за пожарот бил неисчистен оџак.

Пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица- Прилеп. Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден.