Свет
5. December 2020 - 19:46

Изгоре историска црква во Њујорк, нема повредени

Историска црква во Долен Менхетен во Њујорк, каде служба одржуваше една од најстарите верски организации во градот, денеска изгоре во пожар што се прошири од зградата до неа.

Црквата изгоре во пожар што рано утрово се прошири од петкатна ненаселена зграда до неа.

Црквата е изградена во 1892 година, а во неа служба одржуваше една од најстарите верски организации во Њујорк, која датира од основањето на населбата на протестантските доселеници од Холандија во текот на дваесеттите години на седумнаесеттиот век.