Македонија
4. September 2018 - 10:29

Изгоре интернет кафе во скопско Љубош

Рано утрово околу 04.50 часот во куќа сопственост на Ф.Б.(84) во с.Љубош, скопско, избувнал пожар во долниот кат, кој бил даден под наем на Ј. К.(30) од с.Љубош и кој го опремувал за интернет кафе.

Во пожарот изгореле 10 компјутери, монитори и инвентарот за објектот. 

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита.

Увид ќе се врши во текот денот.