Македонија
29. December 2018 - 11:53

Изгоре гаража во скопско Долно Соње

Вчера во 15,30 часот во СВР-Скопје било пријавено дека во с.Долно Соње на место викано „Поле“, била опожарена гаража во која имало предмети, сопственост на С.М.(60) од Скопје.

Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.