Македонија
10. January 2019 - 20:23

Изгоре дел од куќа во Прилеп, нема повредени

 Дел од куќа во Прилеп изгоре во пожар што избувна, од засега непознати причини. Станарите не биле во куќта кога избувнал пожарот и нема повредени, информират од прилепскта противпожарна единица.

Според Методија Николоски, од прилепската противпожарна единица, во 17:15 часот во единицата бил пријавен пожарот, но е навреме локализиран.

– Една просторија во куќата на улицата „Републиканска“ број  25 е опожарена од засега непознати причини. Нема повредени, зашто семејството не било дома. Веднаш е интервенирано и пожарот е локализиран и изгаснат. Има материјална штета, но допрва ќе се утврдуваат причините за пожарот, изјави Николоски.

Увод на местото на опоижарувањето нарави полицијата.