Македонија
28. May 2018 - 11:06

Изгоре автомобил во Куманово

Вчера изутрина околу 10 часот и 30 минути на паркинг простор на улица  „Тоде Мендол“ во Куманово настанал пожар.

Од МВР велат дека во патничко возило „Голф 6“ со српска национална ознака, сопственост на 65- годишниот И.Љ од Прешево, Република Србија избувнал пожар откако тој го паркирал своето возило и тоа во пределот на левата страна од моторот, под акумулаторот.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово пожарот бил изгаснат. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.