Изгледаат како среќна двојка, но нивната љубов крие трагедија која ги спои
Некогаш најблескавите насмевки кријат преголема тага. Така сопружниците Кристал и Џереми Адкинс на прв поглед изгледаат неизмерно среќно, но почетокот на нивната љубов била трагедија за двајцата.
Сами по смртта на партнерите, со мали деца, а Кристал пак била бремена кога останала вдовица. Сепак оваа двојка не дозволи животот да ги прегази и сепак си ја пронајдоа среќата.
-Никогаш не верував дека пак ќе сакам, но нашата врска е посебна. Двајцата знаеме како е да се биде вљубен, но и како е кога си скршен од загубата, вели Кристал која првпат се омажила во 2007 година.
Ќерката Изабел во бракот со Џорџ ја добила во 2010 година. Девет месеци подицна чекале син.
-Една вечер неочекувано ме повика од спалната соба. Лежеше на креветот со нашата ќерка во прегратка. Очите му беа затворени и се исплашив. Во паника повикав итна помош. Го оживував, но не реагираше. Умре додека да дојде лекарот, се сеќава таа, и на моменти запира и вели дека едвај ги преживеала тие денови, бремена и со мало дете, а без маж. Како бремена вдовица знаела дека и е потребна стручна помош и се приклучила на една локална група на Флорида.
Три месеци подоцна го роди синот Метју.
-Тоа дете беше последен подарок од Џорџ за мене, откри Кристал.
Два месеци подоцна немало никакво подобрување, депресијата ја уништувала и тогаш решила да се враи на работа и сама основала група за помош на младите вдовици и вдовци. Така го запознала Џереми, која ја загубил сопругата Кристина кратко откако го родила нивното петто дете.
-Зборувавме со часови. Неговата болка беше толку опиплива додека ми зборуваше за Кристина со која бил од својата 16 година. Останавме во контакт, но тој не сакаше да дојде во нашето советувалиште, откри Кристал.
Наеднаш, почнала да си ја замислува иднината со Џереми. По долго време тој беше некој кој и ја врати насмевката на лице.
Во нивната врска се од почетокот беше искрено, но исплашени од неизвесноста оделе полека. Неколку месеци се запознавале со севата.
Кристал и Џереми се венчаа во 2015 година.
-Кристал ми даде надеж и иако ми недостасува Кристина и натаму, новото семејство ми даде причина за насмевка, заклучи Џереми, додека неговата сопргуга вели дека тие двајцата така не ги замислувале своите животи, но денеска се среќни, храбри и силни.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите