Македонија
8. March 2017 - 13:49

ИЗГЛЕД КАКО ШТО И ДОЛИКУВА: Канцеларијата на претседателот Иванов веќе не е ишкртана и нагрдена

Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, која беше шкртана,  кршена, демолирана, ограбувана и палена за време на насилните протести на таканаречената „Шарена револуција“, доби изглед како што доликува, во боите на македонското знаме.

Голем натпис МАКЕДОНИЈА со црвени букви на жолта позадина може да се забележи утрово на канцеларијата на претседателот Иванов во центарот на Скопје. Она што „шарените“ го демолираа, „црвено- жолтите“ го обоија во државните бои.

kancelarija

kancelarija-1