Изгласана новата Влада на Република Македонија
Собранието на Република Македонија вечерва со 62 гласа „за“, 44 „против“ и пет „воздржани“ ја избра новата Влада. Владиниот кабинет на премиерот Зоран Заев ќе има 25 министри.
Пред гласањето Заев истакна дека тој и неговата влада ќе работат на сплотување, а одговораше и на прашања и забелешки од дводневниот претрес за избор на влада.
Радмила Шекеринска-Јанковска е избрана за министер за одбрана, Оливер Спасовски за министер за внатрешни работи, Драган Тевдовски за министер за финансии, Никола Димитров за министер за надворешни работи, Рената Тренеска Десковска за министер за образование и наука, Горан Сугаревски за министер за транспорт и врски, Љупчо Николовски за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Мила Царовска за министер за труд и социјална политика, Дамјан Манчевски за министер за информатичко општество и администрација, Садула Дураку за министер за животна средина и просторно планирање, Крешник Бектеши за министер за економија, Билен Саљији за министер за правда, за министер за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, за министер за здравство Арбен Таравари и Роберт Алаѓозовски за министер за култура.
Кочо Анѓушев е избран за министер без ресор, кој како што е најавено ќе биде вицепремиер за економски прашања. Бујар Османи исто така е избран за министер без ресор но ќе биде вицепремиер за евроинтеграции, како и Хазби Лика, кој според најавите ќе биде вицепремиер за политички систем и односи меѓу заедниците.
За министри без ресор се избрани и Едмонд Адеми, Роберт Поповски, Аднан Ќахил, Самка Ибраимовски, Зоран Шапуриќ и Зорица Апостоловска.
Гласањето за избор на владата се изврши по предлогот за состав на владата во целина со јавно гласање, по завршувањето на претресот што траеше два дена
Ново на Сител
-
Санкционирани 179 возачи во Скопје
-
Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци
-
Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола