Свет
27. March 2018 - 9:05

Изгласана новата словачка Влада

Со 81 глас „за“, 150-члениот словачкиот Парламент синоќа ја изгласа новата Влада на чело со премиерот Петер Пелегрини.

Новата Влада беше формирана еден месец по убиството на новинарот Јан Куциак и неговата девојка, што предизвика масовни протести и предизвика оставка на премиерот Роберт Фицо.

Фицо, кој во последните 12 години, 10 беше беше премиер, се повлече овој месец по протестите во земјата и повиците на нови избори, а владејачката му ја предаде на Пелегрини, долгогодишен функционер на владејачката партија Смер.

Новиот Кабинет ја презеде агендата од претходниот премиер, вклучувајќи ги и плановите за постигнување избалансиран буџет до 2020 година.

Сменети се шест членови на Владата, а доведени се само двајца нови кои претходно не биле на никаква позиција во владата.

Пелегрини вети дека Словачка ќе остане на проевропскиот и НАТО пат.