Македонија
26. March 2019 - 11:46

Изгаснати пожарите во Кичевско

По напорните обиди во претходните две деноноќија, кичевските пожарникари ги изгаснаа сите пожари што се појавија на неколку локации во регионот.

-Утрово нема активен пожар на територијата на нашата општина, вели Емин Насуфи од Општина Кичево.
 
Тој ги пофали пожарникарите и припадниците на Дирекцијата за заштита и спасување и на шумското стопанство „Лопушник”, како и Кризниот штаб.
 
Насуфи апелира уште еднаш граѓаните да се воздржаат од палење оган на отворено, особено стрништа , бидеќи последиците, како што рече, се огромни.
 
Според првичните неофицијални сознанија, факторот човек е причината за пожарите, а последиците се огромни. Изгореа шуми, нпо во тек е проценката од надлежните служби.