Македонија
25. September 2018 - 18:00

Изгаснат пожарот во приемното одделение во Идризово

Пожарот во приемното одделение на затворот Идризово попладнево е изгаснат, изјави за МИА командирот на Бригадата за Противпожарна заштита на Град Скопје Звонко Томевски. 

Во гаснење на пожарот е интервенирано со 12 пожарникари и со пет возила.

Во пожарот, кој во полицијата бил пријавен околу 14:00 часот, беше зафатена кровната конструкција, потврди директорот на Управата за извршување санкции Јовица Стојановиќ.

Повредени лица нема, а според првичните информации причина за пожарот е застарената електрична инсталација. 

Лицата од приемното одделение во моментот на пожарот биле префрлени во други простории.