Македонија
9. October 2015 - 19:35

Изгаснат пожарот во Панорама Резиденс, повредени нема

Изгаснат пожарот во објектот “Панорама Резиденс” на Водно, кој што избувна денеска на покривната конструкција од новата зграда. Брзата интервенција на противпожарните екипи, кои на терен беа присутни со десет возила, спречија проширување на огнот низ целата зграда.

Според информациите од терен, пожарот избувнал во станот број 13, кој што се наоѓа на четвртиот кат од  зградата, а во кој сеуште не живеел никој. Дел од Зградата е веќе населена, но по информациите за пожарот сите станари биле евакуирани. За причините за пожарот сеуште нема никакви официјални информации, но се претпоставува дека проблем биле инсталациите. Досега пријавени повредени граѓани и пожарникари нема.

Командирот на скопската протипожарна единица Благој Менковски соопшти дека огнената стихија е ставена под контрола.

Менковски потенцираше дека противпожарните единици на градот Скопје остануваат на терен, се до комплетно санирање на последиците од пожарот. За безбедност и отстранување на секаква можност од повторно избувнување на поижарот, тој најави дека дел од пожарникарите ќе останат да дежураат.