Македонија
10. February 2016 - 17:25

Изгаснат пожарот во Козле

Изгаснат е пожарот што денеска избувна во подрумските простории на станбена зграда на улицата „Јуриј Гагарин“ број 28, влез 6 во скопската населба Козле. Опожарен е материјал кој бил складиран во подрумот, а повредени нема. 

Командантот на скопската противпожарна бригада Благоја Менковски за МИА изјави дека пожарот бил пријавен во 10 и 35 часот, а во неговото гаснење учествувале шест противпожарни возила и 13 пожарникари.

Направена е материјална штета од околу 1.000 евра.