Изгаснат и локализиран шумскиот пожар што избувна на стар пат село Бели - Пониква
Околу 9 часот изутринава е локализиран и изгаснат шумскиот пожар што избувна на локација стар пат село Бели – Пониква. Извршена е проверка на теренот за можни остатоци на жаришта и нивно гасење, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.
Општина Кочани заедно со Дирекцијата за заштита и спасување го координираше гаснењето на пожарот.
– Запазена е постапноста во дејствувањето при вакви катастрофи со учество на околу 100 луѓе од Територијалните противпожарни единици на Кочани, Виница, Штип, Кавадарци, Гевгелија, просторните сили на ЈП „Национални шуми“, просторните сили на локалната самоуправа на општина Кочани и други субјекти, се вели во соопштението.
Дирекцијата за заштита и спасување апелира до сите граѓани за совесно однесување и почитување на забраната за движење во шуми и шумски предели. Се препорачува да не се палат стрништа и оган близу шумски површини.
Ново на Сител
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара