Изгаснат е шумскиот пожар кај кочанското село Пантелеј
Рано изутрината е локализиран големиот шумски пожар што вчера попладне избувна во близина на кочанското село Пантелеј
Според командирот на Територијалната противпожарна единица од Кочани, Благојчо Паунов огнот целосно е изгаснат кај селата Пантелеј и Нивичани, а пожарникарите превенираат проширување кон Ловиштето „Полаки“.
– Со досегашните интервенции, а и според временските услови, не очекуваме натамошно ширење на пожарот. Сепак, направена е значителна штета, а причините за избувнувањето на огнот допрва ќе се испитуваат, истакна Паунов.
Во гасењето на пожарот екипите на ТППЕ – Кочани и на Шумското стопанство „Осогово“ добија поддршка од колегите од Виница и од месното население, со што веднаш беше спречено ширењето на огнената стихија кон селото Пантелеј.
Во пожарот изгореа над 50 хектари даб, габер и нистостеблеста шума, на тешко пристапен терен. До доцните часови во координирањето и интервенцијата беа вклучени и службите од локалната самоуправа и градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.
Ново на Сител
-
Вработените од „ГЕС“ земаат плата од државата ама лиценцата за работа сè уште ја има БЕГ
-
Што договорија историчарите од Македонија и Бугарија?
-
Банките контра Народна банка
-
Масовни протести за ,,Монструм‘‘ - Повредени полициски службеници
-
12 години затвор за Mијалков во случајот ,,Tаргет-Tврдина‘‘
-
Тема на денот: Функционира ли правдата во Македонија
-
Масовни протести за „Монструм“ - Повредени полициски службеници
-
Мијалков оди зад решетки, Судот му изрече казна од 12 години затвор и мерка притвор