Изгаснат е шумскиот пожар кај кочанското село Пантелеј
Рано изутрината е локализиран големиот шумски пожар што вчера попладне избувна во близина на кочанското село Пантелеј
Според командирот на Територијалната противпожарна единица од Кочани, Благојчо Паунов огнот целосно е изгаснат кај селата Пантелеј и Нивичани, а пожарникарите превенираат проширување кон Ловиштето „Полаки“.
– Со досегашните интервенции, а и според временските услови, не очекуваме натамошно ширење на пожарот. Сепак, направена е значителна штета, а причините за избувнувањето на огнот допрва ќе се испитуваат, истакна Паунов.
Во гасењето на пожарот екипите на ТППЕ – Кочани и на Шумското стопанство „Осогово“ добија поддршка од колегите од Виница и од месното население, со што веднаш беше спречено ширењето на огнената стихија кон селото Пантелеј.
Во пожарот изгореа над 50 хектари даб, габер и нистостеблеста шума, на тешко пристапен терен. До доцните часови во координирањето и интервенцијата беа вклучени и службите од локалната самоуправа и градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата