Изгаснат е шумскиот пожар кај кочанското село Пантелеј
Рано изутрината е локализиран големиот шумски пожар што вчера попладне избувна во близина на кочанското село Пантелеј
Според командирот на Територијалната противпожарна единица од Кочани, Благојчо Паунов огнот целосно е изгаснат кај селата Пантелеј и Нивичани, а пожарникарите превенираат проширување кон Ловиштето „Полаки“.
– Со досегашните интервенции, а и според временските услови, не очекуваме натамошно ширење на пожарот. Сепак, направена е значителна штета, а причините за избувнувањето на огнот допрва ќе се испитуваат, истакна Паунов.
Во гасењето на пожарот екипите на ТППЕ – Кочани и на Шумското стопанство „Осогово“ добија поддршка од колегите од Виница и од месното население, со што веднаш беше спречено ширењето на огнената стихија кон селото Пантелеј.
Во пожарот изгореа над 50 хектари даб, габер и нистостеблеста шума, на тешко пристапен терен. До доцните часови во координирањето и интервенцијата беа вклучени и службите од локалната самоуправа и градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.
Ново на Сител
-
Владата најостро ги осуди нападите врз новинарите на протестот за случајот „Монструм“
-
344 санкции за неносење маска
-
Во Скопје санкционирани 64 возачи
-
Тедрос: Вакцини за БиХ штом ги исполнат условите на Фајзер
-
Филипче: Здравствените работници покажаа истрајност, професионалност и патриотизам на највисоко ниво
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мијалков за два месеци ќе биде на слобода, тоа ли е договорот Заев - Мијалков?
-
СДСМ: Правдата се случува, заврши времето на недопирливите за законот
-
Повеќе родени и умрени, а помалку бракови и разводи во последниот квартал лани