Македонија
27. January 2020 - 8:59

Изгаснат е пожарот меѓу селата Банско и Габрово кај Струмица

Пожарот кој вчера избувна меѓу селата Банско и Габрово и зафати површина од еден хектaр целосно е изгаснат синоќа, информираат од Територијалната противпожарна единица на Струмица.

Пожарот избувнал вчера попладне и почнал да се шири во правец на Моноспитовското блато во линија од околу 200 метри.

Во гаснењето учествувале две протипожарни возила со пет пожарникари, а во пожарот е изгорено трева, трска и нискостеблеста шума.