Македонија
10. August 2017 - 10:59

Изгасен пожарот во близина на Трескавец, активни уште два во Прилепско

Изгасен е пожарот што вчера и ноќеска му се закануваше на манастирот Трескавец кај Прилеп. Според Станко Колески, командир на прилепската противпожарна едиинца, преку сто доброволци се јавиле на повикот и во раните утрински часови пожарот е изгаснат, но во текот на денот жариштето го чуваат околу 70 луѓе. 

Меѓутоа, еден крак од пожарот е се уште активен во нискиот дел, кон селата Горно Село и Мраморани. Гори сува трева, работат екипите  и активирани се околу 30 луѓе.

- Во Прилепско се активни уште два големи пожара. Едниот е во атарот на селата Бонче и Крушевица. Таму се зафатени 150 хектари мешана шума и теренот е тешко пристапен. Веќе пет-шест дена е активен и пожарот околу прилепското село Никодин. Таму се зафатени околу 250 хектари дабова и букова шума. Вчера беше интервенирано со хеликоптер од АРМ, а денеска се очекува да пристигнат канадери од Дирекцијата за заштита и спасување,  изјави Колески.