Живот
18. October 2016 - 21:39

Изел цела лута пиперка - завршил на Ургентен со дупка во хранопроводот

Американец изел бургер со пиперка од типот Бухут Јолоки, најлутиот вид во светот. Набрзо потоа, почнал да се гуши и се пожалил на силни болки во стомакот и градите, јавува британски Телеграф

Веднаш бил префрлен во болница. Кога лекарите направиле рентген, останале шокирани. 43 годишниот маж имал дупка во хранопроводот со дијаметар од 2,5 сантиметри. 

Во болница останал дури 23 дена, по што е пуштен дома.