Македонија
9. July 2015 - 14:43

Издадените 186 одобренија за градба најмногу во југозападниот регион

Во мај годинава се издадени 186 одобренија за градење. Според издадените одобренија најмногу ќе се гради во југозападниот регион, Полошкиот, Скопскиот и Југоисточниот. 

Според објавените податоци на Државниот завод за статистика издадени се 34 одобренија за градење во Југозападниот регион и по 28 во Полошкиот, Скопскиот и Југоисточниот. 

Предвидената вредност на објектите според издадените одобренија за градење изнесува 4.397.718.000 денари што е за 24,8 отсто помалку во однос на мај претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 128 се наменети за објекти од високоградба, а 23 за објекти од нискоградба и 35 за објекти за реконструкција.

Од вкупно 186 објекти, на 137 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 49 објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 332 станови со вкупна корисна површина од 28.748 метри квадратни.