Издадени потврди за азил на 5.255 странски државјани
Во текот на вчерашниот ден се издадени потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 5.255 странски државјани.
Од нив 2.407 се од машки пол, 1.371 се од женски, 1.432 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 45 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-3.070, Ирак-1.280, Авганистан–905.
Во периодот од 19 јуни до вчера до полноќ, се издадени потврди на вкупно 330.798 странски државјани, од кои, 185.406 се од машки пол, 53.700 се од женски, 73.864 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 17.828 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија - 191.431 потоа на Авганистан - 79.968, Ирак - 37.958, Иран - 6.231, Пакистан - 5.416, Палестина - 2.158, Сомалија - 1.276, Бангладеш - 1.253, Мароко - 1.317, Конго - 514, Алжир - 453, Либан - 434, Нигерија - 279, додека останатите се во помал број.
Вчера до Секторот за азил не е поднесено барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до вчера до Секторот за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.
Ново на Сител
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите