Издадени нови 572 потврди за барање азил
Вкупно 572 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил се издадени изминатите 24 часа на странски државјани. Од нив 169 се од машки, 121 од женски пол и 280 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и две деца кои патувале без родител.
Како што соопшти денеска МВР, според државјанството, најмногу потврди се издадени на државјани на Сирија, 189, на 176 државјани на Авганистан и на 207 државјани на Ирак.
Од 1 јануари 2016 година до вчера издадени се потврди на вкупно 81.976 странски државјани, од кои 32.668 се од машки пол, 17.752 од женски, 31.369 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 187 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-39.461, Авганистан-25.763 и Ирак-16.749.
Во текот на вчерашниот ден до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање право на азил, врз основа на претходно издадена потврда. Од 1 јануари 2016 година до вчера до Секторот за азил барање за признавање право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија), врз основа на претходно издадена потврда.
Во Прифатниот центар за баратели на азил, во дневниот регистар на баратели на азил за 17 февруари 2016 година евидентирани се вкупно девет баратели на азил. Од нив шест се мажи, една жена и две деца со придружба на старател.
Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, еден маж, една жена, пет малолетни деца со придружба на старател, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување, определено од Министерството за труд и социјална политика.
Ново на Сител
-
Силен ветар предизвика штети во Битола
-
Меѓусебна соработка за справување со корупцијата
-
Андовски: Граѓаните навреме да ги откажуваат термините за снимање за да не се создаваат листи на чекање
-
Протест пред Град Скопје, граѓаните се револтирани од јавниот превоз
-
Шекеринска на средба кај Сиљановска
-
Преглед на вестите од светот
-
Денот на албанската азбука – Честитки и превирања
-
ВМРО-ДМНЕ бара извинување од Апасиев по инцидентот