Македонија
1. September 2015 - 11:56

Издадени 814 потврди на мигранти

Вкупно 814 потврди се издадени на странски државјани во периодот од 8 часот вчера до осум часот утрово. Од вкупниот број  513  се од машки пол, 112 се од женски, 164 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 25деца кои патуваат без родител, на кои е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Најголем број се лица од Сирија - 755, Авганистан - 50, Пакистан шест и од другите земји се со помал број. 

Во периодот од 19 јуни годинава до денеска издадени се потврди на вкупно 53.571 странски државјани, од кои, 36.930се од машки пол, 7.336 се од женски, 8.338се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 967 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-43.478, потоа Авганистан-2.825, Ирак-2.477, Пакистан-1.622, Палестина-694, Сомалија-564, Бангладеж-360, Конго-310, Нигерија-188, Камерун-158 Еритреја-142, Етиопија-109, додека останатите се во помал број. 

Во периодот од 08,00 часот на 31.08.2015 до 01.09.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени  барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението  за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 31.08.2015 година евидентирани се вкупно 14 баратели на азил, од кои 8 баратели на азил се мажи (од кои 1 барател на азил е повреден), 2 барателки на азил се жени ( од кои 1 барателка на азил е хоспитализирана поради браменост),  4 баратели на азил се малолетни лица. Од малолетните баратели на азил, 1 барател на азил е малолетен без придружба на старател и истиот е со повреда.