Македонија
3. March 2016 - 12:41

Издадени 458 потврди за признавање право на азил

Во изминатите 24 часа издадени се потврди на вкупно 458 странски државјани, од кои 174 од машки и 108 од женски пол, како и на 173 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и уште три деца кои патуваат без придружба на родител, за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството, соопшти денеска МВР, потврди се издадени на 357 државјани на Сирија и 101 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 02.03.2016 година, издадени  се потврди на вкупно 88.328 странски државјани, од кои 34.991 се од машки пол, 19.295 се од женски и 33.824 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 218 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 43.622, Авганистан 26.546 и Ирак 18.157. 

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 02.03.2016 година, до Секторот за азил барање за признавање право на азил поднеле 29 лицa, од кои 22 од Сирија и седум од Авганистан, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 02.03.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање право на азил, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.