Издадени 3.673 потврди на странски државјани во изминатите 24 часа
Во изминатите 24 часа издадени се 3.673 потврди на странски државјани, од кои 1.741 се од машки пол, 725 од женски, 911 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата и уште 296 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
МВР соопшти дека најбројни биле државјаните на Сирија - 1.570, Ирак - 1.174 и Авганистан–929.
Во периодот од 19 јуни до ноќеска издадени се потврди на вкупно 304.759 странски државјани, од кои, 174.275 се од машки пол, 48.184 се од женски, 65.940 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 16.360 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-179.064, потоа Авганистан-73.867, Ирак-30.390, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.314, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.
До секторот за азил во периодот од 00:00 до 24:00 часот ноќеска не биле поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до вчера до Секторот за азил биле поднесени 82 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите