Македонија
25. January 2016 - 11:25

Издадени 2.184 потврди на мигранти за изминатите 24 часа

Изминатите 24 часа на 2.184 странски државјани им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Од нив, 915 се од машки пол, 472 од женски и 797 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата.

Како што соопшти денеска МВР, според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.278, Ирак-525 и Авганистан–381.

Од почетокот на годинава до вчера издадени се потврди на вкупно 41.227 странски државјани, од кои 17.399 се од машки пол, 8.831 од женски и 14.896 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 101 дете кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-20.599, Авганистан-13.110 и Ирак-7.515.

До Секторот за азил вчера не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од 1 јануари годинава до вчера до Секторот за азил поднесени се пет барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица, од кои пет од Авганистан и едно од Сирија.

Во Прифатниот центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 24 јануари 2016 година евидентирани се вкупно 12 баратели на азил, од кои девет мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, четири малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување, определено од Министерството за труд и социјална политика.