Свет
20. April 2017 - 10:41

Издадена потерница од Интерпол за кинески милијардер

Интерпол издаде „црвена“ потерница по кинескиот милијардер Гуо Венгу, кој се закани дека ќе ја разоткрие корупцијата во кинеската владејачка Комунистичка партија. 

Гуо давал интервју за „Гласот на Америка“ на кинески јазик, меѓутоа тоа било прекинато по 80 минути, иако беше планирано да трае три часа.

Интервјуто е објавено шест часа откако портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лу Канд истакна дека Интерпол издал црвена потерница по Гуо, под обвинение дека му дал поткуп на поранешен разузнавач.

Гуо е тајкун со недвижности и за време на неговата успешна кариера бил 73. најбогат човек во Кина.

Тој исчезна од јавната сцена во 2014 година, а се појави во последниве месеци тврдејќи дека има докази за елитна корупција, кои сака јавно да ги покаже за доброто на Кина.