Македонија
19. October 2018 - 13:59

Избувнал пожар во куќа во Кочани - сопственикот повреден

Вчера околу 19,00 часот било пријавено дека во Кочани на улицата „14 Бригада“ избувнал пожар во помошна просторија (шупа) од куќа сопственост на Ж.Н. (67) од Кочани.

-При обид за гасење на пожарот Ж.Н. се здобил со изгореници од втор степен и бил задржан во Медицинскиот центар Кочани за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Од страна на Територијална противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат. Извршен е увид на местото на настанот.