Македонија
16. July 2018 - 10:39

Избувна пожар во куќа во тетовско

Пожар избувна во куќа во тетовско.
 
- На 15.07.2018 година во 23,30 часот во Полициското одделение Јегуновце било пријавено дека во с.Туденце-тетовско, настанал пожар во куќа сопственост на Н.Т. кој се наоѓал во Германија, а во истата живее неговиот зет Б.М. (55) од истото село. Пожарот бил целосно изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица-Тетово, при што целосно бил изгорен вториот кат и кровната конструкција од куќата. Повредени лица нема, информираат од МВР.
 
Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.