Македонија
15. December 2017 - 10:43

Избувна пожар во градежна фирма во Скопје

Избувнал пожар во стан во Скопје. Според информациите на МВР,   околу 2.30 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Никола Тесла“ од засега непознати причини настанал пожар во стан на приземјето, каде што е сместена канцеларијата на градежната фирма „Дабар“. Пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема.

Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден.